Волстрит џурнал: Иран подготвува нови напади врз Саудиска Арабија

Иран се подготвува за нови напади врз Саудиска Арабија, за што странски дипломати биле информарани од лидерите на јеменските Хути, пишува Волстрит џурнал.

Весникот пишува дека некои лидери на Хутите „предупредиле дека може да дојде до нов напад, откако паднале под притисокот на Иран кој од нив бара да играат улога во него“.

Иако на Западот на информациите од Хутите се гледа со скептицизам, „САД и Саудиска Арабија овие податоци ги добиле од доверливи извори кои ги добиле информациите од Хутите“. Саудиска Арабија поради тоа активираше безбедносни мерки.

Претставникот на Хутите Мухамед Абдул Салам негираше дека странски дипломати добиле какви било предупредувања за потенцијални ирански напади.

Американскиот весник го објаснува потенцијалното протекување информации со тоа што во раководството на Хутите постојат несогласувања околу тоа колку сериозно треба да зависат од поддршката на Иран.

Неколку нафтени инсталации на компанијата Сауди Аранко беа нападнати на 14 септември со беспилотни летала и ракети. Одговорноста за нападот ја преземаа Хутите, против кои Саудиска Арабија се бори со коалиција на арапски држави. И покрај тоа, американскиот државен секретар Мајк Помпео за нападот го обвини Иран. Техеран овие обвинувања ги нарече лаги.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе