„Правиме сѐ за да ги решиме прашањата за безбедноста на нашите граѓани. Украина стана терористичка држава. Нивниот претседател води криминален режим. Мораме да направиме сѐ за успешно да го комплетираме новиот светски поредок“, рече Володин.
Тој исто така изјави дека дејствијата на вооружените сили на Украина се од „криминална природа“ и дека одговорот на нив ќе биде „многу тежок“.
„Украина чини сѐ за московските трупи да не ја прекинат својата специјална воена операција“ на границите на самопрогласените украински републики Доњецк и Луганск, рече спикерот на Думата.
Според Володин, САД и западните земји сакаат украинскиот конфликт да продолжи што е можно подолго. „За нив граѓаните на Украина се потрошлив материјал“, додаде тој.