Војската помага во кризата со гориво во Велика Британија

Британски војници во маскирни униформи пристигнале во складиштето на БП, откако владата ѝ нареди на војската да помогне во испораката на гориво и да се справи со акутниот недостиг на возачи на камиони, потврди новинар на Ројтерс.

Фото: ЕПА

Британските синџири за набавка на голем број стоки, од свинско месо, бензин и живина до лекови и млеко, се затегнати до точка на пукање поради недостаток на работна сила по кризата со брегзит и ковид.

Паничното купување на гориво поради недостаток на возачи на камиони, предизвика хаотични сцени со редици возачи во големите градови минатата недела. Некои се бореле со тупаници околу пумпите, додека други натрупувале гориво во стари шишиња за вода.

„Како дополнителна мерка на претпазливост, распоредивме дополнителни возачи“, рече министерот за финансии на премиерот Борис Џонсон, Риши Сунак, за радиото Ел-би-си.

„Ситуацијата сега се подобрува, мислам дека веќе една недела секој ден станува се подобро и со враќање на побарувачката на понормално ниво, се очекува работите да се решат сами од себе“, додаде тој.

Новинари на Ројтерс велат дека виделе најмалку дваесет бензински пумпи кои сè уште биле затворени низ Лондон и јужна Англија. Возачите сè уште стоеле во ред пред бензинските пумпи што биле отворени.

Здружението на трговци со нафтени производи соопшти дека околу 22 проценти од бензинските пумпи во Лондон и на југоистокот сè уште немаат гориво, а извршниот директор на здружението Гордон Балмер вели дека може да помине од една недела до 10 дена за да се вратат залихите во нормала.

Британските министри постојано негираат дека кризата со гориво има врска со брегзит, туку дека недостатокот на возачи на камиони довело до глобален проблем иако другите европски соседи немаа редици на бензинските пумпи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе