Белград

Војската на Србија и МУП се ставени во состојба на целосна готовност поради упадот на РОСУ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ издаде наредба Војската на Србија да се стави во состојба на целосна борбена готовност. Истото го направи и Министерството за внатрешни работи МУП.

Министерството за внатрешни работи ги стави во состојба на целосна готовност специјалните и посебните полициски единици по упадот на единиците на РОСУ на северот на Косово и Метохија. Оваа информација за Танјуг е потврдена од стрна на МУП.

РТС пренесе дека Србија започнала дипломатска активност со цел меѓународната заедница „да ги смири косовските власти“.

Утрово единиците на РОСУ наоружани со долги цевки упаднаа на северот на Косово и Метохија. Според првите информации, има повеќе уапсени.

ТВ Прва дознава дека втора акција е извршена во областа Рудари, во општина Звечан, а Новости објавија дека акции се спроведени во сите четири општини населени со Срби и дека се уапсени седум лица.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе