Ми-35М

Војската на Србија ги доби руските „летачки тенкови“

Српското воено воздухопловство е посилно за хеликоптерите Ми-35М, во светот познати како „летачки тенкови“.

EPA-EFE

Хеликоптерите Ми-35М на рускиот произведувач Росвертол од Ростов на Дон, за првпат влегуваат во вооружувањето на српската војска.

„Поради врвните перформанси, овие хеликоптери во својата класа важат за едно од најдобрите јуришни хеликоптери во светот, наменети за извршување борбени задачи во сите временски услови“, наведе српското министерство за одбрана.

Основната намена на хеликоптерот Ми-35М е изведување борбени дејства по цели на земјата, во рамки на воздухопловна огнена поддршка на копнената војска, односно противоклопна борба и уништување на непријателската жива сила.

Поради големата огнена моќ и силниот оклоп, хеликоптерите Ми-35 на Западот ги викаат „летачки тенкови“, а во Русија „крокодили“.

Борбениот хеликоптер Ми-35М може да транспортира до осум војници со полна опрема и вооружување до 1.500 килограми, додека товари со големи димензии може да носи надвор, на специјални јажиња или сајли, до тежина од 2.400 кг.

Максималната брзина изнесува 310 километри на час со оперативна висина до 5.400 метри, а дострелот е до 460 километри, кој со дополнителни резервоари се зголемува на дури 1.085 километри.

Хеликоптерот на подвижна купола има топ со калибар од 23 милиметри поврзан со систем за управување на огнот. На секое крило Ми-35 може да носи широк дијапазон оружје, вклучувајќи дополнителни топови од 23 милиметри, ненаведувани ракети и најсовремени наведувани ракети со голем дострел.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе