И покрај големата опасност

Војската на Нов Зеланд ги извлече телата на шест жртви на ерупцијата на вулканот (ВИДЕО)

Новозеландската војска утринава ги извлече телата на шестмина загинати во ерупцијата на вулканот на почетокот на неделата на Белиот Остров, во операција која не ја спречила на непосредната опасност од нова ерупција.

Телата на жртвите се извлечени со хеликоптери во кои биле осуммина припадници на специјалните сили на војската, соопштија властите.

Двата хеликоптери полетале пред зората од Вакатане кон Белиот Остров, каде во ерупција на вулканот во понеделникот загинаа најмалку 16 луѓе кои беа во туристичка посета на островот.

По пет часа исчекување полицијата соопшти дека повеќе тела се извлечени и пренесени на фрегатата Велингтон вкотвена во морето.

„Шест тела се успешно извлечени од Белиот Остров и сега се на фрегатата Велингтон“, кажа заменик полицискиот началник Џон Тим, не откривајќи дали се лоцирани телата на другите две жртви.

Шесте жртви биле лоцирани со помош на беспилотни летала пред почетокот на операцијата. Војниците биле во тешка заштитна опрема која им го успорувала и отежнувала движењето.

Полицијата семејствата на жртвите го довела во близина на островот со брод на кој пред операцијата била изведена маорска молитва.

Властите под притисок на семејствата се согласија да ја извршат операцијата иако опасноста од нова ерупција во следните 24 часа била проценета меѓу 50 и 60 отсто.

Повеќето од 29 преживеани се сѐ уште во болница, 22 на Нов Зеланд и 7 во Австралија, се наведува во извештајот. Тие имаат тешки изгореници.

„На сите пациенти кои се сѐ уште во критична состојба им е потребна интензивна нега“, изјави министерот за здравство Ешли Блумфилд.

Во моментот на ерупцијата на островот имало 47 туристи и водичи од Австралија, САД, Британија, Кина, Германија, Малезија и Нов Зеланд.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе