Војската на Гватемала се судри со 9.000 емигранти од Хондурас упатени кон САД (ВИДЕО)

Војници на Гватемала се судрија денес со дури 9.000 емигранти од Хондурас во близина на местото каде што влегле во земјата со намера да стигнат до САД.

EPA-EFE

Повеќето од нив влегле во петокот, не покажувајќи негативен тест на коронавирусот кој Гватемала го бара, пренесуваат агенциите.

Инцидентот се случи во близина на местото Чиквимула кога емигрантите се обиделе да пресечат кабел на патот, кој ги попречувал да поминат. Војската интервенираше со палки и солзавец.

Војниците вчера се групирале кај автопатот во Чиквимула, во близина на границата со Хондурас, за да ги блокираат емигрантите.

Полицијата претходно на контролните пунктови поставени долж автопатот, и во Хондурас и во Гватемала, барала лични документи, но не се обидела да ги сопре емигрантите.

Првпат во караван на емигранти од некоја централно американска земја има и жени и мали деца.

Помалку од една недела пред новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден да ја преземе функцијата, емигрантите очигледно се надеваат дека новата администрација ќе биде понаклонета од таа на Доналд Трамп кон нивната молба за подобар живот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе