Рама најави тужба

Војска на националниот аеродром во Албанија, работниците штрајкуваат (ВИДЕО)

Албанската влада ги испрати синоќа војската и полицијата да ги отстранат контролорите на летови кои штрајкуваат од кулата за контрола на летање на еден меѓународниот аеродром во Тирана.

EPA-EFE

Никој не е повреден или уапсен при тоа, пренесува Асошиејтед прес додавајќи дека не е јасно како ќе се одвиваат летовите бидејќи цивилните контролори на летови не се заменети со воени.

Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши објави на Фејсбук видео снимка на која се гледаат возила на воената полиција пред зградата на кулата.

„Аеродромот е стратегиски објект од особено значење за националната безбедност“, наведе Пелеши.

Албанскиот премиер Еди Рама се закани претходно со правна акција против учесниците на штрајкот, кои организираа 24-часовна прошетка за да извршат притисок да им се зголемат платите.

Рама се закани дека ќе ги отпушти контролорите на летови, кои одбиваат да се вратат на работа денес, по завршувањето на штрајкот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе