Војниците опишуваат „апокалиптични“ сцени при заминувањето од Авганистан

„Изгледаше како еден од оние зомби-филмови каде што сите авиони се уништени, вратите им се отворени, тркалата им се скршени. Имаше авион што беше комплетно изгорен. Можеше да се види дека кокпитот е таму, а целиот остаток на авионот личеше на скелет од риба“.

Фото: ЕПА

Изгледало како зомби-апокалипса. За американските воени пилоти и екипажот што требало да го извршат своето последно полетување од Авганистан, небото било осветлено со огномет и спорадични истрели од огнено оружје, а аеродромот полн со распаднати гранати од авиони и уништена опрема, вели Асошиејтед прес. По пистата трчале кучиња-скитници. А талибанските борци, видливи во темнината преку зелено обоената глетка на очилата за ноќно гледање, шетале по аеродромот морничаво мавтајќи за збогум. Во понеделникот вечерта на пистата на аеродромот во Кабул беа петте последни авиони Ц-17 што ја напуштија земјата по хаотичната и смртоносна евакуација на авионите што го означи крајот на американското учество во војната во Авганистан. Во последните часови, ги немаше повеќе системите за ракетна одбрана за да ги заштитат на пистата, и никој во контролниот центар на аеродромот за да ги упати кон излезот.

„Едноставно изгледаше апокалиптично“, вели потполковникот на воздухопловните сили, Брејден Колман, кој беше надлежен за следење на надворешноста на неговиот авион за артилериски оган и други закани, за АП. „Изгледаше како еден од оние зомби-филмови каде што сите авиони се уништени, вратите им се отворени, тркалата им се скршени. Имаше авион што беше комплетно изгорен. Можеше да се види дека кокпитот е таму, а целиот остаток на авионот личеше на скелет од риба“.

„Беше дефинитивно многу напнато и ние дефинитивно бевме на работ, гледајќи што се случува, за да се увериме дека сме подготвени“, рече капетанката на воздухопловните сили Кирби Ведан, пилот на МOOСE81, кој ја предводеше последната формација од пет авиони. Како додаток на стресот, таа рече дека нивните авиони биле паркирани во област на аеродромот што во минатото беше напаѓана и пробивана.

Генерал-мајорот Крис Донахју, командант на 82-та воздухопловна дивизија на Армијата на САД, беше последниот војник што тргна по рампата на последниот Ц-17 за да замине. Тој беше задолжен за безбедноста на мисијата за евакуација. Набргу откако полетал авионот, тој испратил порака: „Добро завршена работа. Горд сум со сите вас“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе