Војната на клановите продолжува: ново мафијашко убиство во Црна Гора

31-годишниот Стефан Шаровиќ кој беше убиен вчера во Ѓеновиќи во Црна Гора бил близок до припадниците на „Кавачкиот клан“, пишуваат подгоричките медиуми.

Полицијата трага по две лица кои ги идентификувала како осомничени за злосторството, пренесува денес агенцијата Бета.

Порталот Вијести пишува дека оперативните полициски информации откриваат дека бил во пријателски односи со семејството Рогановиќ, чии два члена, Нико и Владимир, беа убиени во војната на црногорските мафијашки кланови.

Поради тоа инспекторите не ја исклучиле можноста Шаровиќ да е жртва на кокаинската војна, која во последните пет години однесе повеќе од 40 жртви, тврди порталот.

Телото на момчето било најдено во двор на голем комплекс вили. Во Шаровиќ убиецот испукал повеќе куршуми, а потоа избегал со соучесникот кој го чекал на мотоцикл и избегал.

Како што јавува Побједа, инспекторите набрзо по злосторството нашле траги кои можат да придонесат во расветлувањето на убиството и идентификувањет на извршителот, и трагаат по двете осомничени лица за злостворството.

Војната на некогаш единствениот криминален клан од Котор почна пред пет години кога од еден стан во Валенсија исчезнале 200 килограми кокаин. Од тогаш во меѓусебните пресметки се убиени околу 40 луѓе меѓу кои има најмалку четири случајни жртви.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе