Брзо бил ослободен во напад од картелот

Војна на улиците на Мексико поради апсењето на синот на Ел Чапо (ФОТО+ВИДЕО)

На северот на Мексико жестоки судири меѓу безбедносните сили и членовите на моќниот картел Синалоа, откако беше уапсен еден од лидерите на наркокартелот, Овидио Гузман Лопез.

Во мексикански Кулиакан избувнаа судири меѓу безбедносните сили и припадниците на наркокартелот Синалоа, чиј поранешен лидер е Хоакин Гузман, попознат како Ел Чапо.

Причина за судирите е апсењето на синот на Ел Чапо, Овидио Гузман Лопез, кој полицијата го пронашла при рутински претрес на неговиот дом.

Според Би-би-си, членовите на Синалоа организирале голем напад за што е можно поскоро да го извлечат помладиот Гузман од затвор. Нема официјални извештаи, но се појавија фотографии од мртви тела и запалени автомобили низ градот.

Објавени се и снимки од конфликти во кои се слушаат истрели.

Силно вооружени припадници на картелот ги опколиле безбедносните сили и ги принудиле да го ослободат Гузман Лопез, кој е обвинет за трговија со дрога во САД, пренесува Ројтерс.

Помладиот Гузман, кој има дваесетина години, ја презеде улогата на неговиот татко во картелот. 

Министерот за безбедност Алфонсо Дуразо објасни дека патролата наскоро била совладана од вооружени лица од картелот и дека е донесена одлука безбедносните сили да се повлечат за да се заштитат нивните животи и да се избегне понатамошно насилство.

Таткото на Овидио, познатиот Ел Чапо, беше осуден на доживотен затвор плус 30 години во Соединетите Држави за трговија со дрога и перење пари.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе