Воено способните мажи од Украина не смеат да ги напуштаат градовите во кои живеат

Украинското Министерство за одбрана им забрани на воено способните мажи да ги напуштаат градовите во кои живеат, а главниот стожер на војската преку порака на Фејсбук повика на разбирање. Одредбата се заснова на Законот за воена обврска од 1992 година. На мажите на возраст меѓу 18 и 60 години сега им е потребна дозвола од подрачната воена канцеларија за да го напуштат округот во кој се регистрирани. Контролите главно се вршат на границите на окрузите и градовите.

Илустрација: ЕПА

Објавата за кратко време предизвика стотици гневни коментари на Фејсбук. Министерството е обвинето за „идиотизам“, а во некои коментари се наведува дека тоа би можело да поттикне корупција во воените канцеларии. Други стравуваат од уште поголем економски хаос, бидејќи може да има недостиг од возачи на автобуси, возови и камиони.

Многу Украинци не живеат во местата каде што се регистрирани. По руската инвазија, десетици илјади воено способни мажи заминале во побезбедните западни делови на Украина. Веќе им е забрането да ја напуштат државата со воведувањето вонредна состојба пред повеќе од четири месеци. И покрај тоа, граничарите редовно фаќаат мажи кои се обидуваат да преминат во Молдавија или во соседните земји на ЕУ.

Легенда под Главна слика

Илустрација: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе