Воените тензии со Кина најлоши во последниве 40 години

Воените тензии со Кина се најлоши во последниве над 40 години, оцени денеска министерот за одбрана во Тајпеј, неколку дена откако рекорден број кинески авиони влегоа во зоната на противвоздушната одбрана на островот.

Фото: ЕПА

Во период од четири дена, кој почна во минатиот петок, Тајван извести дека близу 150 авиони на кинеските воздушни сили регистрирал во својата противвоздушна зона, а вчера е пријавен само еден упад.

На прашањето за моменталните воени тензии со Кина во парламентот, министерот за одбрана Чиу Куо-Ченг рече дека ситуацијата е најсериозна во последните 40 години откако ѝ се придружил на војската, наведувајќи дека постои опасност овие тензии да се прошират низ целиот чувствителен Тајвански мореуз, пренесува Ројтерс.

На Чи му порачал и дека Кина веќе има можности да изврши напад врз Тајван и дека проценува оти сепак нема да може да изведе инвазија „во полн обем“ до 2025 година, бидејќи за почнување војна мора да се земат предвид многу други работи.

САД, главниот тајвански воен снабдувач, му ја потврдија својата „цврста посветеност” на Тајпеј и ја критикуваа Кина, додека Пекинг за подигањето на тензиите ја обвинува политиката со која Вашингтон го поддржува Тајван преку продажба на оружје и праќање воени бродови низ Тајванскиот теснец.

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера потврди дека разговарал со кинескиот претседател Си Џинпинг за Тајван и дека се согласиле да се придржуваат кон тајванскиот договор, бидејќи тензиите меѓу Тајпеј и Пекинг се зголемени.

Се смета дека во оваа изјава Бајден се повикува на долгогодишната политика на Вашингтон за „една Кина”, според која САД официјално го признаваат Пекинг, а не Тајпеј, и на Законот за односите со Тајван, кој јасно дава на знаење дека одлуката на САД да воспостават дипломатски врски со Пекинг наместо со Тајван почива на очекувањето дека иднината на островот ќе се одредува по мирен пат.

Тензиите околу Тајван се зголемија во последниве години и Пекинг не ја исклучи употребата на сила за враќање на островот, кој го смета за своја суверена територија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе