Воените буџети сѐ побрзо растат, најмногу трошат САД, Кина и Саудиска Арабија

Глобалното издвојување за одбрана растело во 2019 побрзо од која било година во минатата деценија, покажува ново истражување.

Издвојувањата за одбраната пораснаа во однос на 2018 година за четири отсто, а во Европа за 4,2 отсто, се наведува во извештајот на Меѓународниот институт за стратегиски студии (ИИСС).

„Воените буџето така го достигнаа нивото од пред финансиската криза во 2008 година“, изјави директорот на ИИСС Џон Чипман.

Растот во Европа може да се препише на загриженоста поради Русија и постојаните барања од САД до европските членки на НАТО да почнат на одбраната да трошат два отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Воените буџети во 2019 година најмногу ги зголемиле САД и Кина за 6,6 отсто.

Трошењето на американската војска во минатата година било најголемо во последните десет години.

Само зголемување од 53,4 милијарди долари би дошло на седмото највисоко место на воен буџет во светот, се истакнува во извештајот.

На одбраната во 2019 година најмногу потрошиле САД (684 милијарди долари), Кина (181 милијарда долари), Саудиска Арабија (78 милијарди долари), Русија (61 милијарда долари), Индија (60 милијарди долари), Британија (54 милијарди долари), Франција (52 милијарди долари), Јапонија (48 милијарди долари), Германија (48 милијарди долари) и Јужна Кореја (39 милијарди долари).

Податоците на ИИСС покажуваат дека военото трошење во Азија во последните десет години се зголемило за 50 отсто, од 275 милијарди долари во 2010 на 423 милијарди долари во 2019 година.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе