Трилатерални маневри

Воената вежба на Русија, Кина и Иран е порака до Америка (ВИДЕО)

Иран, Кина и Русија вчера ја почнаа првата заедничка поморска воена вежба во Индискиот Океан и во Оманскиот Залив, која Москва ја опиша како вежба без преседан во морнаричката соработка и обука.

Водите околу Иран се во центарот на регионалните меѓународни тензии, додека САД вршат притисок да се прекине продажбата на иранската сирова нафта и другите трговски врски.

„Пораката на оваа вежба е мир, пријателство и трајна безбедност преку соработка и единство... и нејзиниот резултат ќе покаже дека Иран не може да биде изолиран“, соопшти адмиралто на иранската флотила Голамреза Тахани.

„Овие вежби покажаа дека односите меѓу Иран, Русија и Кина достигнаа ново високо ниво и тој тренд ќе продолжи во следните години“, додаде Тахани.

Џонатан Ејал од Институтот за здржени кралски служби од Лондон оцени дека трите држави ја смислиле оваа иницијатива за да испратат порака дека слабее влијанието на Соединетите Држави во регионот.

„Ова е внимателно искалкулирана вежба во која сите тројца учесници се победници: Иран може да тврди дека е регионална сила, Русија демонстрира улога на клучен актер на Блискиот Исток, а Кина може да покаже дека е глобална поморска сила“, кажа Ејал.

„Стратегиската порака е дека тоа се држвите кои ги обликуваат случувањата на Блискиот Исток“.

Оманскиот Залив е особено чувствителен воден пат бидејќи се надоврзува на Ормушкиот теснец, низ кој минува петтина од светската нафта и кој се надоврзува на Персискиот Залив.

Кина во четвртокот соопшти дека испраќа разурнувач со наведувани проектили на четиридневните вежби, кои ги опиша како „нормална воена соработка“ меѓу трите оружени сили.

Портпаролот на кинеското министерство за одбрана соопшти дека вежбите не се нужно поврзани со ситуацијата во регионот.

Кина има тесни дипломатски, трговски и енергетски врски со Иран, кој е во пријателски односи со Русија.

Руското министерство за одбрана вчера соопшти дека на вежбите испратило три брода од Балтичката флота – фрегата, танкер и спасувачки реморкер, објави Црвена ѕвезда, официјалната телевизија на руските оружени сили.

Москва порача дека заедничките вежби се легални и дека се насочени кон обезбедување на реигоналната стабилност.

„Се бавиме со прашања за зачувување на стабилноста во регионот, безбедноста и борбата против тероризмот“, кажа Марија Захарова, портпаролката на руското министерство за надворешни работи.

Русија и Кина се во добри односи и со Саудиска Арабија, регионалниот ривал на Иран.

Маневрите, кои вклучуваат тактички вежби како спасување нападнати фрегати, почнаа во пристанишниот град Чабахар на југоистокот на Иран и ќе продолжат во северните делови на Индискиот Океан.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе