Годишен извештај

Воената сила според Глобал фајрпауер: Србија е посилна од Хрватска, Македонија на дното

Според годишниот извештај на Глобал фајрпауер, проценета е воената сила на секоја земја, а Македонија се наоѓа на 135 место од вкупно оценети 142 држави.

EPA-EFE

Во годишниот извештај се проценуваат земјите во распон од разновидноста на оружје до расположливите трупи до географската локација и финансиската моќ, за да се одреди кои нации доминираат во светот според воената сила.

При проценката се користат над 50 фактори.

Први на ранг-листата се Соединетите Американски Држави, следат Русија, Кина и Индија, а во првите 10 се и Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Британија, Пакистан и Бразил.

Турција и Иран се позиционирани на 13-тото односно 14-тото место.

Во регионот најголема воена моќ има Србија – се наоѓа на 61-то место. Оценето е дека има тенденција на раст на воената моќ.

Веднаш зад Србија е Хрватска на 62 место, а Бугарија е на 67 место. Црна Гора е на 132 место, Македонија на 135, а војската на Албанија е на 115. Косово е на самото дно, односно на 140 место од 142 држави.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе