Воена парада во Северна Кореја, но без ракети (ФОТО)

Северна Кореја ја прослави 73 -годишнината од основањето со ноќна воена парада, а според досегашните извештаи на државните медиуми, оваа година немало демонстрации на нови ракетни проектили на дефилето на војниците.

Фото: ЕПА
 

Врховниот лидер Ким Џонг Ун присуствуваше на парадата во главниот град Пјонгјанг, која почна на полноќ, а воени авиони прелетуваа над плоштадот Ким Ил Сунг во формација, се вели во извештајот на севернокорејската агенција КЦНА, пренесува Ројтерс.

Весникот „Родонг Шинмун“, гласило на владејачката Работничка партија, објави фотографии на луѓе со портокалова заштитна опрема со гасни маски, што ги симболизира напорите на земјата во борбата против коронавирусот, и воени пешадиски единици како маршираат со неколку повеќецевни ракетни фрлачи.

Споменатите проектили не се евидентирани во претходните извештаи, а Ким не одржа никаков говор, за разлика од минатиот октомври, кога државата одржа ноќна воена парада каде што беа прикажани дотогаш невидени интерконтинентални балистички ракети.

По настаните во октомври минатата година, во јануари се одржа уште една ноќна воена парада, а подготовките за неа беа забележани порано на сателитските снимки.

Разговорите со цел да се убеди Пјонгјанг да се откаже од нуклеарното оружје и арсеналите за балистички ракети се во застој во последните години, а администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден најави продолжување на дипломатските напори за постигнување севернокорејска денуклеаризација, но досега не покажа спремност да ги исполни барањата на таа земја да ги ублажи санкциите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе