Водечките членки на ЕУ ја поддржаа блокадата на извозот на вакцини

Заканата на Европската комисија за блокада на извозот на вакцини против ковид-19 во земјите со поголеми стапки на вакцинација, вклучувајќи ја Британија, наиде денес на поддршка од Германија, Франција и Италија, соопштија европски функционери и дипломати. Расправата за тоа прашање ќе биде одржана на самитот на лидерите на ЕУ следната недела.

EPA-EFE

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се закани со забрана за извозот на вакцини за заштита на оскудните дози за сопствените граѓани кои се соочени со трет бран на пандемијата.

На состанокот на европските дипломати, одржан набрзо по предупредувањето на Фон дер Лајен, Германија, Италија, Франција и Данска го поддржаа ставот на ЕК за поостра примена на контрола на извозот, тврдат тројца дипломати кои присуствувале на состанокот.

Холандија, Белгија и Ирска биле повнимателни, наведуваат двајца функционери, додавајќи дека расправата за тоа прашање ќе биде одржана на самитот на лидерите на ЕУ.

„Сето тоа произлегува од растечката фрустрација од вакцината на Астра Зенека и засилениот притисок нешто да се преземе околу тоа. Немаме доволно вакцини, извезуваме како луди, а ништо не добиваме“, кажа еден од дипломатите кој учествувал во дискусијата.

Друг дипломат потврдил дека главната причина за поригорозниот став е недоволната испорака на вакцините на Астра Зенека на Европската Унија.

Компанијата минатата недела соопшти дека планира да испорача до 100 милиони дози од својата вакцина на Европската Унија до крајот на јуни, наместо 300 милиони предвидени со договорот, наведувајќи ги како причина производните проблеми и ограничувањата на извозот.

ЕУ; чија кампања за вакцинирање успоти поради доцнењето во испораките и здравствените проблеми, соопшти дека извезла над 10 милиони вакцини во Британија од 30 јануари, но дека не добила ниедна назад, и покрај тоа што две фабрики кои ја произведуваат вакцината на Астра Зенека во Британија се наведени како добавувачи во договорот на таа компанија со ЕУ.

Европските функционери соопштиле дека од Астра Зенека им било кажано дека не можат да ги извезуваат вакцините произведени во британските фабрики, бидејќи со Британија имаат договор за испорака кој му дава приоритет на британскиот пазар.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе