Водечкиот германски епидемиолог: Пандемијата допрва ќе почне

Кристијан Дростен, водечкиот германски епидемиолог, во својот говор на Светскиот здравствен собир во Берлин предупреди на прераното славење на германскиот успех во коронакризата.

EPA-EFE

„За да ја надвладееме ситуацијата, во следните месеци мораме да смениме некои нешта. Пандемијата допрва сега ќе почне. И во Германија“, изјави Дростен и дополнително истакна дека коронавирусот не е научен феномен, туку природна катастрофа.

„Не мислам дека Германија е спремна за следните неколку месеци со коронавирусот“, кажа Дростен за Шпигл.

Минхен од вчера значително ги заостри мерките против коронавирусот. Во угостителските објекти и јавните простори е дозволено собирање на само пет лица или членови на две домаќинства. Приватните прослави во затворено смеат да имаат до 25 гости, а до 50 на отворено.

На некои јавни површини во Минхен е задолжително и носењето заштитни маски, а станува збор за главно попларни места на собирање во главниот град на Баварија – Мариенплац, Сендлинген штрасе и слични локации.

Построгите мерки засега треба да траат само седум дена.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе