Водечки медицински списанија: Климата не може да чека до крајот на пандемијата

И покрај пандемијата на коронавирус, светот не може да го одложи преземањето на итни мерки против глобалното затоплување и уништувањето на природата што го загрозува здравјето на луѓето, предупредија водечки медицински списанија.

„Здравјето веќе е променето под влијание на зголемувањето на глобалните температури и уништувањето на природата“, пишуваат главните уредници на дваесетина реномирани списанија, вклучувајќи ги Лансет, Бритиш медикал џурнал и Нејшнл медикал џурнал оф Индија. Со зголемување на температурата од приближно 1,1 степени Целзиусови, последиците по здравјето на луѓето се веќе големи.

„Повисоките температури веќе предизвикаа зголемување на бројот на случаи на дехидрација и бубрежни проблеми, малигни заболувања на кожата, тропски заразни болести, ментални проблеми, компликации во бременост, алергии и смртност, како и кардиоваскуларни и белодробни заболувања“, се вели во уводникот. Не смееме да го заборавиме ни падот на земјоделското производство, што ги кочи напорите во борбата против неисхранетоста.

А тие последици, кои уште потешко ги погодуваат најранливите (малцинствата, децата, најсиромашните заедници...), се само на почетокот, се предупредува во едиторијалот. Зголемувањето на температурата за 1,5 степени Целзиусови, што може да се случи околу 2030 година, според извештаите на експерти на Меѓувладиниот панел за климатски промени објавени во почетокот на август, и постојаното губење на биодиверзитетот може да предизвика катастрофална и непоправлива штета на здравјето.

„И покрај легитимната загриженост поради коронавирусот, не можеме да чекаме пандемијата да заврши за брзо да ја намалиме емисијата на стакленички гасови“, додаваат авторите на апелот два месеци пред клучната климатска конференција за клима на ОН ЦОП26 што ќе се одржи во Глазгов на почетокот на ноември.

„Опасностите што се закануваат од климатските промени може да ги засенат опасностите што ги носи било која болест. Пандемијата на ковид-19 ќе заврши, но нема ниедна вакцина против климатската криза", коментираше во изјавата шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус, истакнувајќи дека... „секоја мерка преземена за ограничување на емисиите на стакленички гасови и затоплувањето се приближува кон поздрава и побезбедна иднина“.

Потсетувајќи на невидените суми потрошени за време на пандемијата, медицинските списанија повикуваат и на значително зголемување на средствата за заштита на планетата и укажуваат на позитивните ефекти.

„Подобриот квалитет на воздухот сам по себе ќе донесе здравствени придобивки и со тоа ќе предизвика намалување на глобалните цени за намалување на емисиите“, тврдат авторите.

Покрај зголемување на финансирањето, авторите бараат и фундаментална промена во организацијата на општествата и економиите, како и начинот на живот, промени во транспортот, градовите, во производството и дистрибуцијата на храна, финансиските пазари, здравствените системи и уште многу повеќе.

 „2021 година треба да биде онаа во која нашата планета ќе го смени правецот. Нашето здравје зависи од тоа", вели главната уредничка на Бритиш медикал џурнал Фиона Годли, една од авторките на едиторијалот.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе