Во зградата на индонезиската берза се урна балкон полн со луѓе (ВИДЕО)

Во зградата на берзата во Џакарта се урна балкон полн со луѓе.

Снимката од безбедносната камера покажува како се урива балконот на кој стоеле студенти од локалниот факултет.

Од балконот останал само шут. Наскоро пристигнала брза помош, а локалните болници јавија дека во инцидентот се повредени најмалку 77 лица.

Повредите не се опасни по живот, најтешките пријавени повреди се скршеници. Уште не е јасно што го предизвикало уривањето, но полицијата го исклучи тероризмот како една од можните причини.

Портпаролот на полицијата Сетјо Васисто изјави дека е сигурен дека не станува збор за бомба.

По уривањето, полицијата нареди итна евакуација, а во меѓувреме спасувачите и вработените трагаа по повредените и се обидуваа да ја најдат причината за уривањето. По евакуацијата зградата повторно беше отворена за работење.

Портпаролката на берзата се извини за инцидентот, истакнувајќи дека сѐ уште немаат информации за причините за несреќата.

Џакарта беше мета на бројни терористички напади во последните години. Истата зграда беше мета на терористички напад во 2000 година, кога два одметнати војници подметнаа бомба во подрумот, при што загинаа 15 лица.

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе