Атентат во Република Српска

Во заседа ликвидиран бањалучки бизнисмен (ВИДЕО)

Бањалучкиот бизнисмен Славиша Круниќ беше ликвидиран синоќа нешто по полноќ во заседа на неговиот имот во населбата Гламочани, десетина километри од центарот на Бања Лука. Убиени се и неговиот телохранител и еден од атентаторите.

Како што објави Аваз, Круниќ со својот автомобил дошол во близина на семејната куќа кога напаѓачите почнале да пукаат во него. Кликс јавува дека имало двајца напаѓачи. Телохранителите на Круниќ возвратиле на огнот и притоа убиле еден од напаѓачите, а потоа ранетиот Круниќ го префрлиле во друг автомобил и го одвезле во болница, каде што умрел.

Напаѓачот кој бил убиен е идентификуван како Жељко Ковачевиќ, од претходно познат на полицијата и апсен повеќе пати, а по него е распишана потерница на Интерпол.

Според најновите информации, полицијата го идентификувала и другиот напаѓач и во тек е потера по него.

Локалните жители на новинарите им кажале дека рафалната стрелба траела неколку минути и дека изгледало како војна.

На местото на настанот е полицискиот врв на Република Српска, како и специјални единици, а хеликоптери го надлетуваат местото на убиството, како и пошироката област.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе