Голема трагедија во Хрватска

Во Загреб убиени шест членови на семејство, по голема потрага убиецот се самоубил

Полицијата на Загреб потврди дека рано утрово во 4 часот шестострукиот убиец се самоубил. Тој побегнал од местото на злосторот и по речиси целосна блокада на Загреб, полицијата го лоцирала по што овој се самоубил.

Загреб вчера со часови беше под блокада по убиствата во населбата Кајзерица, каде, според локални медиуми, убиени се шест членови од едно семејство, а полицијата интензивно трага по сторителот.

„Јутарњи лист“ објави дека шест члена на исто семејство биле убиени, а седуммесечно бебе е единственото преживеано.

Љубомората се споменува како мотив за убиствата, објави „Јутарњи лист“.

Според „Вечерњи лист“, станува збор за семејно насилство во кое маж ги убил својата поранешна сопруга и нејзиниот нов партнер, како и четири деца.

Петтото дете, седуммесечно бебе, е рането и хоспитализирано во детска болница.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе