Во забранетата зона на Чернобил гори шума, радијацијата го отежнува гасењето (ВИДЕО)

Во забранетата зона околу поранешната нуклеарна централа Чернобил гори шума, а напорите на пожарникарите ги отежнува порастот на радиактивното зрачење.

Околу 90 пожарникари биле испратени да интервенираат и се обидуваат да го изгасат пожарот кој зафатил околу 20 хектари, соопшти денес агенцијата за цивилна заштита во Киев.

Во областа се испратени и два авиони и хеликоптер за да им помогнат на пожарникарите во гасењето.

Радиактивното зрачење кое сѐ уште е присутно по нуклеарната несреќа која се случи во 1986 ги отежнува напорите на пожарникарите, наведува агенцијата и додава дека нема опасност за населението.

По експлозијата  на реактор во советската нуклеарна централа во Чернобил во 1986 година областите контаминирани со радијација околу објектите беа затворени, а илјдници луѓе беа преселени.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе