Во вториот круг на претседателски избори во Полска одат претседателот и градоначалникот на Варшава

Актуелниот конзервативен претседател Анджеј Дуда води во првиот круг на претседателските избори во Полска и во вториот круг на 12 јули ќе се спротивстави со либералниот кандидат, според речиси целосните резултати објавени од Изборната комисија.

EPA-EFE/Adam Warzawa

Претседателот Дуда доби 43,7 проценти од гласовите откако биле преброени гласовите од 99,78 проценти од избирачките места, објави Комисијата во понеделникот.

Во вториот круг ќе се соочи со градоначалникот на Варшава, Рафал Часковски кој е втор со 30,3 проценти од гласовите, според истиот извор.

Независниот кандидат Рафал Холови доби 13,9 проценти од гласовите, а ниту еден од останатите осум кандидати не го премина прагот од 10 проценти од гласовите.

Според изборната комисија, резултатите од преостанатите избирачки места нема да влијаат значително на конечниот резултат.

Одзивот на гласачите бил 64,4 проценти.

Конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до утре наутро, објави комисијата.

Во изборната кампања доминирале загриженост за состојбата на демократијата и социјалните проблеми, додека по падот на комунизмот, Полска се соочува со својата прва рецесија предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Adam Warzawa

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе