Во воздушен напад израелски ракети уништиле пункт на Хамас

Израелски авион нападнал пункт на екстремистичката организација Хамас во појасот Газа, откако претходно бил испукан куршум од таа палестинска територија.

Фото: ЕПА

Палестинските медиуми јавија дека пунктот бил неколку пати погоден со ракети од воздух.

Куршум испукан од Газа денеска пред пладне погодил индустриски објект во Нетив ХаАсара, соопшти армијата. Нема извештаи за повредени или материјална штета во ниту еден од тие инциденти.

Досега никој не ја презеде одговорноста за испуканиот куршум, но Израел го смета Хамас за одговорен за целото насилство што произлегува од Газа, територија со која екстремистичката група владее од 2007 година.

Израелската армија во саботата изврши серија напади врз објект на Хамас, што беше одговор на израелскиот ракетен напад.

Ракетниот напад дојде неколку часа откако американскиот претседател Џозеф Бајден ја заврши тридневната посета на Израел и окупираниот Западен Брег, каде што е седиштето на палестинската власт во која доминира поумерениот Фатах, ривал на Хамас.

Хамас не го признава Израел и војуваше со таа земја четири пати во последните 15 години.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе