Во верижен судир во Канада учествувале 200 возила, 2 лица загинати, 70 повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Две лица ги загубија животите, а речиси 70 се повредени во верижен судир, во кој учествувале околу 200 возила на канадскиот автопат во близина на Монтреал.

Две лица со часови биле заробени во своите автомобили. Сè се случило околу 12:30 часот по локално време во Ла Прери.

Според извештаите на медиумите, некои од 70-те се со сериозни повреди.

На снимките се гледа дека училишен автобус, камиони и патнички автомобили биле вклучени во несреќата.

„Учествуваше речиси сè што се движи на четири тркала", рече Мишел Мур, началник на полицијата во провинцијата Квебек.

Тој додаде дека имало среќа што немало пожар.

Дел од возилата завршија едно врз друго, а дел не се препознавале од штетата. Околу 75 возила во моментов се тргаат од патот, а други 50 возила со помали штети се отстранети од сопствениците.

Министерот за транспорт Франсоа Бонардел изјави дека несреќата најверојатно е предизвикана од обилен снег, додавајќи дека патот бил чистен двапати во само еден час.

„Луѓето возеа, ветерот беше силен... И одеднаш се наоѓате во ситуација во која ништо не гледате. И така, започна верижниот судир“, рече Бонардел.

Патот најверојатно ќе биде затворен до утре.

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе