По големиот прекин во снабдувањето со струја

Во Венецуела формирана воена команда за заштита на стратегиските објекти

Властите на Венецуела формираа воена команда за да се заштитат стратегиските објекти, а по неодамнешниот масовен прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Ова го објави претседателот на Венецуела Николас Мадуро, кој кажа дека службата е формирана за да се заштитат главните стратегиски служби.

Според него, командата ќе се состои од четири вода на војската чии задолженија ќе бидат надзор на работата на страгегиските објекти и нивна заштита од физички и сајбер напади.

На почетокот на март, престолнината Каракас и 20 од 23 региони на Венецуела останаа без струја, а Националната компанија за електрика соопшти дека прекинот е предизвикан од инцидент на најголемата хидроцентрала во земјата.

За инцидентот Мадуро ги обвини Соединетите Американски Држави.

Нормалното снабдување со струја беше повторно воспоставено на 12 март.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе