Во Велика Британија голем скок на нови случаи на индискиот сој на коронавирус

Вкупниот број на идентификувани лица заразени со варијантата делта коронавирус, односно индискиот вид, се зголеми за 29.892 и изнесува 42.323, објави во петокот Институтот за јавно здравје на Англија, додавајќи дека оваа варијанта сочинува 90 проценти од новоинфицираните лица во Велика Британија.

Фото: ЕПА

Оваа бројка бележи голем скок во однос на 12.431 случај на делта коронавирус пријавени минатата недела.

Сепак, експертите велат дека податоците не се добри за споредба бидејќи од оваа недела се користат нови тестови за овој генотип, а случаите на варијантата делта на коронавирус сега може да се потврдат во рок од 48 часа.

Надежта на британскиот премиер Борис Џонсон дека ќе го укине карантинот во Англија на 21 јуни е доведена во прашање во петокот, бидејќи податоците покажуваат натамошно зголемување на бројот на заразени со делта варијантата на коронавирус, првпат откриена во Индија која брзо се шири.

Џонсон би требало во понеделник да објави дали ќе се спроведе планираното укинување на ограничувањата.

Но, брзото ширење на делта варијантата на вирусот ги доведе во прашање тие планови, предизвикувајќи шпекулации дека рокот на 21 јуни ќе биде поместен или дека некои ограничувања ќе останат на сила.

„Треба да бидеме навистина внимателни. Имавме навистина големо отворање на 17 мај, кога луѓето можеа да започнат да се среќаваат со пријатели во затворено, во ресторан, во паб и да се дружат“, рече главниот службеник за вакцинација против ковид-19, Надим Захави за Тајмс Радио.

„И мислам дека е важно многу внимателно да ги разгледаме податоците за време на викендот и тогаш тоа да и го кажеме на нацијата“.

Истакнат британски епидемиолог во средата рече дека делта варијантата на коронавирусот е 60 посто попренослива отколку алфа, британската варијанта, која претходно доминираше.

Во Велика Британија досега над 127.000 луѓе починале од ковид-19. Повеќе од една третина од возрасните примиле барем една доза на вакцина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе