Напори да се забрза вакцинирањето

Во Узбекистан работодавците можат да ги отпуштат невакцинираните вработени

Узбекистанските власти усвоија закон според кој работодавците имаат право да не вработуваат или да ги отпуштат оние кои не се вакцинирани против коронавирусот, соопштија денес узбекистанските државни медиуми.

EPA-EFE

Таа мерка доаѓа во рамки на напорите на власите на Узбекистан да ја забрзаат вакцинацијата на населението поради делта сојот на коронавирусот кој е присутен во земјата.

Претпријатијата од сега ќе можат да ги „суспендираат“ вработените кои ќе одбијат да се вакцинираат против коронавирусот.

Исклучок ќе бидат вработените кои од здравствени причини не можат да примат вакцина, се наведува во законот кој го потпиша претседателот на Узбекистан Чавкат Мирзиојев.

Узбекистан со 34 милиони жители досега регистрираше повеќе од 130.000 заразени со коронавирусот од кои 890 починаа.

Земјите со кои граничи, Таџикистан и Туркменистан, воведоа задолжителна вакцинација за возрасните, додека Казахстан во јули наложи задолжително вакцинирање за повеќето вработени.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе