Во Украина пристигнуваат нови пратки американско оружје

Првите пратки од новата транша американска воена помош за Украина се веќе на границите на земјата и ќе ѝ бидат предадени на украинската војска, соопшти синоќа висок функционер на Пентагон.

EPA-EFE

„Од САД вчера во регионот стигнаа четири авиони со разна опрема“, кажа неименуваниот функционер, најавувајќи пристигнување и на петти авион во следните 24 часа откако американскиот претседател Џо Бајден во средата најави нова воена помош во вредност од 800 милиони долари.

Американски воени експерти се распоредени на источното крило на НАТО од самиот почеток на руската инвазија на Украина и наскоро ќе почнат да ги обучуваат украинските војници да го користат артилерискиот систем М777 „хауицер“, најави функционер на американското министерство за одбрана кој сакал да остане анонимен.

Станува збор за најновата генерација артилериско оружје кое САД за првпат решија да ѝ го отстапат на украинската војска. Американски експерти претходно во САД обучуваа украински војници како да го користат беспилотното летало-бомба „свичблејд“.

Од друга страна, руските сили почнуваат да го чувствуваат ефектот на санкциите во врска со набавката на вооружување, особено на резервни делови, оцени американскиот воен извор.

Најмодерното вооружување користи електронски чипови чии главни произведувачи се Тајван и Јужна Кореја, две земји сојузнички на САД, кои престанаа на Русија да ѝ ги испорачуваат своите производи под американските санкции.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе