Ќе трае до 1 октомври

Во Украина почна воена вежба со земјите од НАТО (ВИДЕО)

Украина и неколку земји членки на НАТО, меѓу кои и САД, почнаа денес заедничка воена вежба на западот на поранешната советска република, во контекст на спорните тензии со соседна Русија.

EPA-EFE

На годишните маневри во организација на Киев и Вашингтон кои ќе траат до 1 октомври учествуваат околу 6.000 војници од 12 земји, соопшти американската амбасада во Киев.

Вежбата треба да ја јакне „компатибилноста на војниците и штабовите на украинските и американските оружени сили и партнерите од НАТО“, кажа украинскиот генерал Владислав Клотчков.

„Украинските војници кои осум години се спротивставуваат на руската агресија ќе го споделат со своите меѓународни колеги своето единствено искуство стекнати за време на борбите на истокот на Украина против проруските бунтовници“, додаде украинскиот генерал.

Вежбата се одржува десетина дена по почетокот на руско-белоруските воени маневри во кои учествуваат 200.000 војници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе