Прага

Топлес пред Земан: „Ти си курва на Путин“ (ФОТО)

Додека претседателот на Чешка, Милош Земан, се подготвуваше да гласа, една жена ја соблече маицата и застана пред него викајќи на англиски јазик „Земан е курва на Путин“.

Жената дотрча од толпата новинари на гласачкото место во Прага и застана непосредно пред Земан (73), кој се подготвуваше да ги покаже своите документи за лична идентификација пред изборната комисија, пренесе Ројтерс.

Таа ги подигна рацете, покажувајќи го истиот слоган испишан на нејзините гради, пред припадниците на безбедносните сили на претседателот да ја соборот на земја.

Земан брзо беше изведен од избирачкото место, а потоа се врати да го заврши гласањето.

Меѓународната феминистичка група Фемен, од Украина, на својата веб-страница соопшти дека жената била украинска државјанка Ангелина Диаш.

Граѓаните на Република Чешка денес и утре избираат нов претседател на државата.

Новиот чешки премиер Андреј Бабиш го осуди нападот на Украинката од групата Фемен, која скокна пред претседателот Милош Земан, на гласачкото место со натпис „Земан е курва на Путин“ и го оцени како несмасен чин бидејќи како што вели тој, Чешка не е Русија и Чесите слободно гласаат на изборите.

„Не сме во Русија и слободно гласаме. Инцидентот ќе ѝ наштети на угледот на Чешка во странство“, рече премиерот Бабис за чешката агенција ЧTK.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе