„Боже, прости им не знаат што прават“

Во Тексас егзекутиран убиец на 19-годишна девојка, до крај тврдел дека е невин

Човек осуден на смрт во Тексас продолжил да тврди дека е невин сè до вчерашното спроведување на неговата смртна казна.

Лери Реј Сверинџен е егзекутиран во 18:47 часот по локално време за смртта на 19-годишната Мелиса Тротер, пренесе Си-ен-ен.

„Боже, прости им не знаат што прават“, биле неговите последни зборови.

Сверинџен е осуден на смрт уште во јули 2000 година за киднапирање, силување и убиство на Тротер.

Студентка на Монтгомери колеџ последен пат била видена жива на 8 декември 1998 година, а телото ѝ било пронајдено на 2 јануари 1999 година во Националната шума Сем Хјустон.

Сверинџен повеќепати се обидувал да ја побие својата пресуда, тврдејќи дека е донесена на посредни докази и сомнително форензичко истражување, а самото извршување било одложувано пет пати.

Обвинителството тврдело дека Сверинџен ја убил Тротер, откако таа одбила да има секс со него.

Сведоци тврделе дека ја виделе Тротер како си оди од универзитетскиот кампус на 8 декември, придружувана од Сверинџен. Како доказ е искористен и фактот дека сопругата на Сверинџен пронашла запалка и кутија цигари во нивната приколка, иако ниту Сверинџен ниту таа не биле пушачи. Истражителите надвор од приколката нашле халухопки, за кои се верува дека ѝ припаѓале на Тротер.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе