Закони не постојат во 94 држави

Во светот има 40 милиони робови, секоја втора држава не го криминализирала ропството

Ропството не е злосторство во речиси половина од државите, покажува истражување за светските законодавства, во кое се повикува земјите да ги решат правните дупки кои им овозможуваат на криминалците да избегнат казна.

Многу држави немаат закони кои директно ја криминализираат и казнуваат сопственоста или контролата врз друго лице, покажува базата на податоци а платфромата Антислејвери ин доместик леџислејшн, лансирана во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

„Многумина ќе се изненадат дека не постојат кривични закони во сите држави во кои би се обвинил, осудил и казнил поединецот бидејќи подложувал луѓе на најекстремни облици на искористување“, кажа истражувачката од Рајтс леб универзитетот во Нотингем Катарина Шварц, која ја предводела работата на базата на податоци.

Во моментов во светот има 40 милиони модерни робови, покажуваат проценките на Меѓународната организација за труд и организацијата Вок фри. Тука се вклучени и оние кои се приморани на работа или брак.

Укинувањето на модерното ропство до 2030 беше една од глобалните цели која членките на ОН едногласно ја прифатија во 2015 година.

Иако во светот се укинати законите кои некогаш го дозволувале ропството, истражувачите тврдат дека голем дел од вкупно 193 членки на ОН не го криминализирале ропството и другите начини на искористување експлицитно.

Закони против ропството не постојат во 94 држави, речиси половина од членките на ОН, предупредуваат членовите на Рајтс леб.

Се покажало и дека речиси две третини од државите не криминализирале некоја од четирите пракси поврзани со ропството – кметството, должничкото ропство, насилните бракови и трговијата со деца, освен во случаи на трговија со луѓе.

Научниците истакнале дека речиси сите држави имаат закони против трговијата со луѓе.

Со извештајот се сака да се истакне дека разбирањето на поимот ропство се проширило и дека сега вклучува други видови злоупотреба, но законите не го следеле тоа, кажа Јакуб Собик, портпарол на хуманитарната организација Антислејвери интернешнал.

Собик истакна дека одговорот не е во тоа едноставно да се заострат законите.

„Ропството по својата природа сака да ги експлоатира оние кои не се опфатени со владеењето на правото“, кажа тој.

„Потребни се мерки од широк обем кои ќе ги адресираат поголемиот контекст и системските причини кои ги прават луѓето ранливи да можат да се измамат и друго лице да ги зароби или контролира“, заклучи тој.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе