Нуклеарната централа на фронтот на војната во Украина повторно го загуби надворешното напојување, што ги зголеми стравувањата од радијациска катастрофа додека продолжуваат борбите во областа.
Последниот преостанат надворешен далновод беше исклучен во нуклеарната централа во Запорожје, најголемата во Европа, иако резервниот вод продолжи да ја снабдува мрежата со електрична енергија, објави вчера Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).