Осомничен за шверц на кокаин

Во Србија уапсен еден од најбараните хрватски бегалци од законот

Еден од најбараните хрватски бегалци од правдата, Дарјан Јешовник, кој е осомничен за шверц на кокаин од Јужна Америка, беше уапсен во саботата во Србија, при обид за премин на српско-унгарската граница, јави хрватската полиција.

„ФАСТ единицата на Република Хрватска (Одделот за целени потраги и прецизно лоцирање/Fugitive Active Search Team) во соработка со ФАСТ единицата на Република Србија, на 6 април 2019 година на територија на Република Србија го лоцираше и уапси долгогодишниот бегалец Дарјан Јешовник“, се наведува во соопштението.

Хрватското министерство за внатрешни работи прецизираше дека лоцирањето на Јешовник, кој е во бегство од 2011, било подготвувано подолго време, откако со оперативната работа на полициските службеници на Србија било утврдено дека користи лажен идентитет.

Дарјан Јешовник е во бегство од 2011 година и по него беше на сила меѓународна потерница и Европски налог за апсење поради сомнеж дека е дел од злосторничко здружение чии членови од Јужна Америка прошверцувале најмалку 718 килограми кокаин кон Хрватска, Словенија, Шпанија и Холандија.

Сите членови на злосторничкото здружение биле уапсени во претходни акции на полициите во Шпанија, Хрватска и Србија, но Јешовник успеал да избега од местото на престој во Љубљана, а потоа вешто се криел во повеќе држави.

Јешовник подолго време бил означен како еден од најбараните бегалци од правдата во Хрватска, а неговото име се наоѓало и на листата на најбарани личности во Европа.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе