Во Србија пристигнаа уште 50.000 дози од вакцината Спутник V

На белградскиот аеродром слета авион со уште 50.000 дози од вакцината Спутник V.

EPA-EFE/Noemi Bruzak

Според зборовите на министерот за иновации Ненад Поповиќ ова е првата компонента на вакцината со која ќе можат да се вакцинираат 50.000 лица.

Тој изјави дека вакцините пристигнале од фабриката „Биокад“ во Санкт Петербург, каде пред два месеци, во присуство на рускиот државен врв, беше пуштена линијата за производство на вакцината Спутник V.

„Србија е сè уште единствената земја во Европа за која руските власти одобрија испорака на значителна количина вакцини. Тоа зборува за односот што Русија го има со своите српски браќа. Во Русија, со внимание и пофалби се следи процесот на вакцинација во Србија што се спроведува под раководство на претседателот Вучиќ“, рече Поповиќ.

Тој изрази задоволство затоа што испораката на вакцини од Русија се одвива според договорената динамика.

„Договоривме набавка на два милиони вакцини од Русија. Очекувам дека до крајот на март, односно во текот на првата половина на април, целата договорена количина на вакцини да биде доставена до Србија“, рече Поповиќ.

Министерот посочи дека вакцините што пристигнаа утрово во Белград, веднаш ќе бидат доставени до Институтот Торлак, од каде ќе бидат дистрибуирани до пунктовите за вакцинација низ Србија.

Вчера во Србија пристигнаа 150.000 вакцини на Астра зенека.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Noemi Bruzak

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе