Според последните податоци на министерството за здравство, 161 пациент е на респиратор.
Вчера, Србија имала 4.157 нови случаи од 16.743 тестирани лица.
Од викендот во сила се нови мерки - угостителските објекти и трговските центри се отворени до 14 часот, додека прехранбените и услужните дејности можат да бидат отворени до 20 часот.
Бидејќи епидемиолошката состојба во Србија драматично е влошена во последните денови, медицинските експерти од кризниот штаб бараат целосно затворање од седум до 10 дена. Исто така се спомнале и полициски час и вонредна состојба. За такви ригорозни мерки ќе биде одлучено во наредните денови.
Сепак, Александар Вучиќ вели дека Србија е далеку од вонредна состојба.