Во Србија многу повеќе луѓе се вакцинираат откако Вучиќ им вети по 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и трет ден по ред покажуваат помалку од 1.000 новозаразени, а српските медиуми тврдат дека во кампањата на вакцинирање се гледаат првите ефекти од ветената државна награда за вакцинираните од по 25 евра бидејќи одѕивот е значително зголемен по објавата за исплатата.

EPA-EFE

Српската влада во средата минатата недела, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, донесе одлука да ја засили кампањата ветувајќи им по 25 евра на сите досега вакцинирани граѓани, и оние кои ќе ја примат првата доза од вакцините до 31 мај.

На 2 мај Србија имаше 2.028.490 вакцинирани со прва доза, а три дена подоцна, кога беше објавено дека државата парично ќе го поттикне вакцинирањето, првата доза ја примиле дополнителни 43.145 луѓе, за на 8 мај бројот на вакцинираните да достигне 2.140.266.

Кампањата на вакцинирање продолжува со пријавување преку државниот електронски систем, и без пријавување на пунктовите за вакцинирање во локалните домови на здравје, како и на белградскиот саем.

Во Белград вчера пристигна нов контингент од 104.130 дози од вакцината на Бајонтек/Фајзер, а најавена е нова испорака од уште половина милион дози од кинеската вакцина Синофарм, која минатата недела Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри за итна употреба.

Здравствените власти во Србија, покрај Бајонтек/Фајзер и Синофарм, ги користат и вакцините Спутник V и Астразенека, со секојдневни повици до граѓаните за вакцинирање и уверување дека вакцини има доволно за сите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе