Во Србија денес 386 новозаразени, 18 мртви, капацитетите преоптоварени

Според последните информации, во Србија денеска до 15 часот се регистрирани 386 новозаразени лица.

Во последните 24 часа биле тестирани уште 8.646 примероци, а на респиратори се 130 лица.

Директорот на белградската Клиника за инфективни и тропски болести Горан Стевановиќ вчера пред новинарите во Белград изјави дека само во таа клиника дневно се прегледуваат по 350 пациенти, а заедно со другите тријажни места, тоа се 550 прегледи дневно.

На третина од нив им треба сместување во болница, поради што капацитетите на болниците во Белград се максимално оптоварени, а белградските пациенти се испраќаат во болниците во Панчево и Смедерево, рече Стевановиќ по седницата на Кризниот штаб на која беа донесени новите мерки за Белград.

Тој додаде дека планот е да се отворат ковид-болници во Чачак и Шабац, за локални потреби, но доколку има потреба, таму ќе испраќаат и пациенти од Белград.

Другите пациенти во Белград ги примаат само две болници - Воената медицинска академија и Клиничкиот центар, кој практично работи во режим на ургентен центар, рече Стевановиќ, додавајќи дека просечното време на лекување на пациентите сега е 2-4 недели, што максимално го оптоварува здравствениот систем.

Тие имаат, како што рече, многу млади и средовечни пациенти со тешка клиничка слика, а помалку постари лица, кои „очигледно повеќе се чуваат“.

Стевановиќ вчера упати уште еден апел до граѓаните строго да ги почитуваат мерките за заштита и рече дека носењето маска мора да стане навика.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе