Во Србија бројките и понатаму високи, премиерката вели дека не треба задолжително вакцинирање

На Србија во овој момент не ѝ е потребно задолжително вакцинирање, оцени српската премиерка Ана Брнабиќ, коментирајќи го ставот на Европскиот суд за човекови права дека задолжителното вакцинирање е „неопходно во демократско општество“.

EPA-EFE

„Засега има голем интерес и нема причина да се размислува за воведување задолжително вакцинирање. Имаме луѓе кои самите се пријавуваат за вакцинирање“, кажа Брнабиќ зборувајќи за контекстот на вакцинирање на населението против коронавирусот, иако одлуката на европскиот суд се однесува на обврската за вакцинирање на децата во Чешка против детски заразни болести.

„Полека се буди свеста кај луѓето“

„Мораме да продолжиме со сегашното темпо за да излеземе од оваа тешка ситуација“, изјави претходно државниот секретар на српското министерство за здравство Мирсад Џерлек, оценувајќи дека во Србија „полека сè повеќе се буди свеста на луѓето“ кои сфаќаат дека без вакцинирање не може да се излезе од пандемијата.

Според него, од почетокот на масовното вакцинирање, во Србија досега првата доза ја примиле вкупно 1.578.800 граѓани, а целосно со две дози се вакцинирани 1.130.000.

Во намера да ја забрза кампањата на имунизација која е успорена и покрај милионите дози набавени вакцини и воспоставениот електронски систем за регистрација и контрола, Србија во средата овозможи вакцинирање и без претходна најава преку системот.

Бројките не паѓаат како што се очекуваше

Епидемиолошките податоци во средата и четвртокот покажуваат дека бројките на коронавирусот не паѓаат како што се очекуваше и покрај неодамнешното воведување на не премногу строгото затворање.

Во последните 24 часа во Србија од последици на ковид-19 починале 41 лице, а ден претходно 42, од 16.055 тестирани примероци потврдени се 3.625 нови зарази.

На болничко лекување во четвртокот имало 7.929, а на респиратори 265 луѓе.

Од почетокот на епидемијата се потврдени вкупно 633.013 случаи, починати се 5.620 заболени со стапка на смртност од околу 0,89 отсто, а официјално се тестирани 3.547.832 примероци.

Српските здравствени власти се уверени дека, ако продолжи досегашното темпо на вакцинирање, Србија до крајот на јуни може да постигне „одличен резултат кој ќе овозможи мирно лето“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе