Во Србија 325 новозаразени со коронавирус, 8 мртви

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 325 нови случаи на инфекција со коронавирус, а осум лица починаа.

Тестирани се 7.434 лица, а според податоците на тамошните власти, на респираторите се наоѓаат 86 пациенти.

Вчерашниот ден беше најтешкиот ден за Србија од почетокот на епидемијата затоа што починаа 11 лица.

Во десетина градови ширум земјата е воведена вонредна состојба и нови рестриктивни мерки, а повторно во функција се привремени и полски болници.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе