Во случај на ескалација на тензиите, Иран најавува „болни последици за сите“

Иранските власти ги предупредија САД на „болните последици“ на евентуалната ескалација на тензиите против Иран поради сè поголемиот притисок на Вашингтон против Техеран.

„Сигурно е дека ќе има болни последици за сите, доколку дојде до ескалација (на тензиите) против Иран“, изјави за американската медиумска мрежа Си-ен-ен шефот на иранската дипломатија Мухамед Џавад Зариф.

Според него, Иран нема интерес да дојде до ескалација, но јасно е дека ќе се брани.

„Треба да бидеме исклучително внимателни, а веруваме дека Соединетите Држави играат многу опасна игра“, истакна иранскиот министер.

Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран се интензивираа откако САД минатата година се повлекоа од меѓународниот нуклеарен договор и ги обновија санкциите кои предизвикаа криза на иранската економија. Со тој договор со САД, Русија, Кина, Британија, Франција, Германија и ЕУ, Иран се согласи да ги ограничи активностите за збогатување ураниум, а за возврат му беа укинати дел од меѓународните санкции.

САД пред две недели испратија бомбардери и носач на авиони со борбена група во Арапскиот Залив поради наводна, сѐ уште недефинирана закана од Иран, а американскиот претседател Доналд Трамп вчера порача дека Иран ќе се соочи со „официјален крај“ ако повторно му се закани на Вашингтон.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе