Во Сибир се отвори огромна дупка, веројатно последица на затоплувањето (ВИДЕО)

Меур од насобран метан, кој не се знае колку долго растел под вечниот мраз во Сибир, кој сега почна да се топи, експлодираше и создаде импресивен кратер длабок 50 метри.

Screenshot

Џиновската дупка прва ја забележала телевизиска екипа која летала над тој регион, а според весникот Сибериан тајмс, кога научниците отишле да истражуваат што се случило, нашле парчиња мраз и карпи исфрлени стотици метри од епицентарот.

Научниците тукушто почнале да го истражуваат феноменот и засега не се знае дали дупката настанала како последица на климатските промени. Но, во 2014 година се случи слично нешто на полуостровот Јамал на северозападот на Русија, по низата невообичаено топли лета, пишува Сајенс алерт.

Експертите сметаат дека ваквите џиновски дупки се резултат на ненадејниот колапс на бреговите или тундрите, кој настанува кога топењето на пермафростот поттикнува акумулација на метан под површината.

Поради глобалното затоплување на Арктикот забрзано се топи дел од вечниот мраз. Научниците сметаат дека овој процес влијае врз создавањето на ваквите понори, но сѐ уште нема доволно истражувања кои со сигурност потврдуваат дека климатските промени се тие кои примарно го поттикнуваат создавањето на дупките.

Метанот е 84 пати посилен гас со ефект на стаклена градина од јаглерод диоксидот и испуштањето на огромните резерви на тој гас би можело да почне неповратен процес кој уште повеќе ќе го забрза глобалното загревање.

Студија од 2017 ги анализирала фотографиите од таквите дупки кои потекнуваат уште од 1970-тите и утврди дека во последните години тие значително зачестиле, што сугерира дека топењето на вечниот мраз е барем делумна причина за тој тип настани.

Истата година друго истражување откри барем 7.000 гасни меури под полуостровот Јамал, точно на истото место каде што сега се отвори огромната дупка.

Освен што поради климатските промени во атмосферата би можело да се исфрли неверојатно количество на досега заробениот метан, научниците се загрижени поради тоа што топењето на пермафростот би можело да ослободи древни болести за кои не се знае речиси ништо.

Легенда под Главна слика

Screenshot

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе