Во Сибир гори површина со големина на Швајцарија, пожарите би можеле да достигнат историски размери (ВИДЕО)

Шумските пожари кои со месеци пустошат по Русија би можеле да достигнат историски размери, предупредуваат еколозите.

EPA-EFE

„Ситуацијата овој пат е многу полоша отколку во 2020 и годината пред тоа“, каа Григориј Куксин од Гринпис за германска ДПА.

Во особено погодената сибирска република Јакутија, на североистокот на земјата, „ние веќе зборуваме за рекорд во однос на досегашните временски непогоди во Русија“, додаде Куксин. „Досега пожарот зафати област од 16,5 милиони хектари. Не е сè шума, не е сè сосема мртво“.

Куксин проценува дека се уништени околу шест милиони хектари шума. Од друга страна, руската Агенција за заштита на шумите наведува дека во моментов горат околу четири милиони хектари. Тоа е отприлика големината на Швајцарија.

Негативниот стогодишен рекорд беше поставен во 2012 година, кога изгореа 16 милиони хектари. Оваа година би можел да се урне тој рекорд, предупреди Куксин.

Пожарите толку се раширија што директно патат и луѓето кои не се директно загрозени: стотици села и десетици градови во различни делови на Русија се задушени со чад. Над 9.000 пожарникари се борат со пожарите. Претседателот Владимир Путин нареди зголемување на тој број и го испрати својот министер за цивилна заштита во тој регион.

Властите наведуваат дека за пожарите е виновна сушата која е последица на климатските промени.

„Без зголемување на средствата за заштита на шумите нема да биде возможно да се сузбијат пожарите во новите климатски услови“, кажа Куксин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе