Во Шведска претставен построг закон за имиграција

Шведска претстави закон со кој ги заострува правилата за трајни доселувања во земјата, а за трајни ги прогласува привремените мерки, воведени за време на емигрантската криза во 2015 за ограничување на прифаќањето на бегалците.

EPA-EFE

Планот за законот на социјалдемократската влада здружена со Зелените, треба да го замени привремениот закон на сила од 2016 и продолжен во 2019 поради непостигнувањето консензус за трајниот закон.

Според планот, бегалците би добиле тригодишна дозвола за престој која може да стане постојана дозвола за престој ако се исполнат одредени барања како знаење на шведскиот јазик и доволни приходи.

Во однос на своето население, Шведска е земјата од Европската Унија која прифати најмногу бегалци во 2015 со 160.000 пристигнувања, меѓу кои бројни Сиријци.

Во десет години, земјата со 10,3 милиони жители пружи азил и овозможи спојувања на семејства за 400.000 луѓе, според податоците на емиграциските центри.

Додека расте антиемиграциската партија Шведски демократи, главните шведски партии, меѓу кои владејачките социјалдемократи, направија во последните пет години вртење кон построга политика што резултираше со намалување на бројот на дозволи за престој.

„Со тој план, Шведска повеќе не е мамка за барателите на азил како што беше во 2014 и 2015“, изјави министерот за емиграциски прашања Морган Јохансон.

Тој денес го бранеше планот кој „долгорочно гарантира одржлива регулаторна рамка и обезбедува принципот на ограничени дозволи за престој да не предизвика несакани ефекти“.

„Тие основни правила се соодветни на оние во повеќето други земји во ЕУ“, кажа тој на конференција за новинарите.

Сегашниот привремен закон, продолжен во 2019, истекува ова лето. Новиот закон треба да стапи на сила во јули по изгласувањето во парламентот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе