Во Шведска, нов рекорд, имаат најмногу новозаразени од почетокот на пандемијата

Шведската стратегија во борбата против пандемијата го привлече глобалното внимание и на 23 октомври државата регистрираше 1.870 нови случаи на коронавирус, што е најголем број од почетокот на пандемијата, покажаа податоците на Шведската агенција за јавно здравје.

Фото: ЕПА

Тоа зголемување се споредува со високите 1.698 дневни случаи кон крајот на јуни. Агенцијата наведе дека врвот во текот на пролетта веројатно бил многу поголем, но немало доволно тестирања, јави Ројтерс.

Официјалниот број на починати во Шведска е во пад со 15 случаи од петокот, а вкупно починати се 5.918 лица. Не беше дадено објаснување за ова намалување, но бројот на смртни случаи бил променет откако била утврдена вистинската причина за смртта.

Стапката на смртност по глава на жител во Шведска е неколку пати поголема отколку кај нејзините нордиски соседи, но пониска отколку во некои големи европски земји, како што се Шпанија и Велика Британија.

По падот на бројот на заразени во јули и август, Шведска бележи континуиран пораст од средината на септември.

Андерс Тегнел, главниот епидемиолог во Шведска, рече дека зголемувањето на случаите почнува да влијае на здравствениот систем.

„Секоја недела гледаме мало, но значително зголемување во бројот на случаи на интензивна нега“, рече тој на прес-конференција. „Во Шведска исто така, почнуваме да пристапуваме кон критична точка“, пренесе Ројтерс.

Додека многу европски земји повторно воведуваат драконски мерки како што се делумни блокади и полициски час за спречување на ширењето на коронавирусот, Шведска само го прилагодува својот благ пристап со воведување насочени мерки.

Иако анкетите покажуваат дека повеќето Швеѓани го поддржуваат овој пристап, шведската стратегија е критикувана дома и во странство.

Некои ја обвинија Шведска дека на почетокот на пандемијата играла руски рулет со животот на граѓаните, бидејќи бројот на жртви значително ги надмина бројките во соседните земји што воведоа многу построги мерки.

Неодамна изби расправа во медиумите за шведската политика на лекување според која ковид пациентите, главно оние постарите со хронични болести, се сметаат за премногу слаби за интензивна нега.

Во меѓувреме, властите постојано нагласуваат дека шведската стратегија е избрана за справување со „маратон, а не со спринт“.

Шведска сè уште останува една од ретките земји во светот што не препорачува носење маски затоа што тие веруваат дека маските нудат лажно чувство на безбедност.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе