Во Шведска нема карантин: дали е тоа најнепромислената или најсоодветната реакција на ковид-19?

Додека огромни делови од населението во Европа се во карантин поради пандемијата на новиот коронавирус, една земја речиси единствена дозволува животот да тече релативно нормално.

По долгата зима, само што стана доволно топло да се седи надвор во шведската престолнина и луѓето до максимум го користат тоа.

Семејствата енергично лижат сладоледи под огромната статуа на викиншкиот бог Тор на плоштадот Маријаторгет. Младите уживаат во леден чај седејќи на тротоарот подолу на улицата.

На други места во градот, ноќните клубови неделава се отворени, но од неделата се забранети собирите на повеќе од 50 лица.

Споредете го тоа со соседна Данска, која ги ограничи собирите на 10 лица, или Велика Британија, каде што веќе не смеете да се сретнете со никого надвор од вашиот дом.

 

„Секој човек има голема одговорност“

Улиците во Шведска се забележливо потивки од вообичаеното, но вријат од луѓе во споредба со оние во Копенхаген, Осло, Лондон, Париз и Рим. Јавното сообраќајното претпријатие на Стокхолм СЛ вели дека минатата недела бројот на патниците паднал за 50% во возовите во метрото и автобусите.

Иако универзитетите и средните училишта се затворени, основните училишта, градинките, баровите, рестораните, скијалиштата, спортските клубови и фризерниците останаа отворени. Стоењето во баровите е забрането, но ако успеете да си најдете столче, може слободно да уживате во ноќното излегување.

Анкетите велат дека скоро половина од стокхолмчани работат од дома.

„Секоја компанија што може да работи од дома, работи од дома, и тоа си функционира“, вели извршниот директор на Стокхолмскиот бизнис-регион, државна компанија што ја помага општата деловна заедница во градот, Стефан Ингарсон.

Неговите зборови се одраз на стратегијата на владата: самоодговорност. Властите и политичарите во јавното здравство сè уште се надеваат дека ќе го забават ширењето на вирусот без потреба од драконски мерки.

Повеќе постојат упатства отколку строги правила, со фокус да останете дома ако сте болно или постаро лице, да миете раце и да избегнувате какво било непотребно патување, а и да работите од дома.

Шведска досега има пријавено 4.028 случаи на коронавирус и 146 починати.

„Ние што сме возрасни треба да бидеме токму тоа: возрасни. Да не шириме паника или гласини“, рече премиерот Стефан Лофвен во телевизиското обраќање до нацијата минатиот викенд.

„Никој не е сам во оваа криза, но секој човек има сериозна одговорност“.

 

Високо ниво на доверба

Мнозинството Швеѓани го гледаа и го одобруваа неговиот говор, според анкетата низ целата земја на Новус, голема анкетна компанија.

Во меѓувреме, постои голема доверба во јавните власти во Шведска, за кои многумина веруваат дека го поттикнуваат локалното население да се придржува кон доброволните упатства.

Демографијата исто така може да биде релевантен фактор во пристапот на земјата. За разлика од повеќегенерациските членови на семејства во медитеранските земји, повеќе од половина од шведските домаќинства се составени од едно лице, што го намалува ризикот вирусот да се шири во семејствата.

Во меѓувреме, Швеѓаните сакаат да шетаат надвор и властите рекоа дека одржувањето на физички и психички здрави луѓе е уште една причина поради која сакаат да избегнуваат правила што ќе ги тераат луѓето да се пикаат дома.

„Мораме да комбинираме за да ги минимизираме здравствените ефекти од епидемијата на вирусот и економските влијанија од оваа здравствена криза“, вели Андреас Хаџигеоргиу, извршен директор во Стопанската комора во Стокхолм.

„Деловната заедница овде навистина смета дека шведската влада и шведскиот пристап се поразумни отколку во многу други земји“.

 

„Историјата ќе пресуди“

Но додека Швеѓаните гледаат дека остатокот од Европа се гаси, некои почнуваат да го доведуваат во прашање уникатниот пристап на нивната земја.

„Мислам дека луѓето се навикнати да ги слушаат препораките, но во ваква критична состојба не сум сигурна дека тоа е доволно“, вели д-р Ема Франс, епидемиолог со седиште во шведскиот медицински универзитет на Институтот Каролинска.

Таа повикува на „појасни упатства“ за луѓето за тоа како треба да комуницираат на јавни места, како што се продавниците и спортските сали.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе