Владата објави укинување на пристапот до социјалните мрежи и апликации за комуникации. Покрај тоа, во 18 часот на сила ќе стапи полициски час, кој ќе трае до 6 часот наутро.
Луѓето имаат три часа да дојдат во своите домови.
Според најновите информации во најмалку осум експлозии, загинаа најмалку 150 лица, а 400 се повредени.
Нападнати се четири католички цркви во кои се прославувал Велигден и три хотели со пет ѕвездички во центарот на Коломбо. Експлозиите се случиле речиси истовремено.
Експлозии се пријавени на неколку локации во главниот град, Колумбо и пошироко, според податоците на полицијата.